
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ: ШКЕНДИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА ДВОМЕЧОТ СО ШЕРИФ
Единствениот македонски претставник кој го мина 1.коло квалификации во Европа,се подготвува за меч со Шериф од Молдавија.Во таборот на Шкендија најавуваат различно издание на теренот во поглед на реваншот со ТНС каде загубија со 4-0 но постигнаа гол повеќе во Скопје што беше и пресудно за пласманот во 2.коло квалификации за елитната Лига на Уефа.
– По поразот од ТНС во Велс, разговаравме со екипата и намерата ни беше да ја вратиме самодовербата. Извлековме некои поуки од тој меч во Велс. Клучно беше што влеговме опуштени по триумфот од 5:0 во Скопје, и тоа не чинеше. Тоа не смее да се повтори. Јас сум сигурен дека во иднина нема повеќе да имаме вакви изданија, изјави тренерот Ќатип Османи.
Натпреварот Шкендија-Шериф ќе се игра утре од 20.15 на Арената Филип Втори.Реваншот во Молдавија е закажан на 31 јули.Ако го мине Шериф,Шкендија во следното коло ќе се сретне со австриски Салцбург.