КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛЕ: РАБОТНИЧКИ-ХОНВЕД 2-1

Фудбалерите на Работнички ќе патуваат на реваншот во Унгарија со предност од 2-1 над Хонвед.Македонската екипа денеска  го искористи домашниот  терен  на тренинг центарот на ФФМ  но можеше да забележи и поубедлив триумф.Романтичарите стигнаа до водство во 34 минута.По асистенција на Пеев,Петковски  успешно го матираше гостинскиот голман.Хонвед успее да изедначи и тоа во судиското надополнување на првиот дел со удар од 30-на  метри на Наѓи.Работнички по втор пат поведе во 60. минута  после одличната реакција на Шарковски а  до крајот немаше промена на резултатот.Предноста  од 2-1 Работнички ќе ја брани на   17 јули во Будимпешта.Во првото коло квалификации за Лига Европа, утре ќе играат Вардар и Шкупи.Вицешампионот гостува во Ерменија кај Пјуник,Шкупи ќе настапи на Ајброкс стадионот во Глазгов  против Селтик.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ