КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП:СЕЛЕКЦИЈАТА Е КОМПЛЕТНА,СЕ ПРИКЛУЧИ И ТАЛЕСКИ

Селекторот на Македонската машка ракометна репрезенатција  Раул Гонзалес, го има на располагање и Филип Талески .Тимот составен од 20 играчи е комплетен и ги продолжува подготовките за новиот циклус квалификации.Бекот на Рајн Некар имаше клупски обврски во Бундес лигата.Талески во  дербито со Фуксе Берлин  постигна три гола во финишот  во победата од 28-25 на Рајн Некар. Сениорите во четврток ја пречекуваат Турција на стартот  од кампањата за петто по ред учество на Македонија на  Европските првенства.Натпреварот ќе се игра во Битола со почеток од 20.15, со пренос на Телма.Во 2.коло од квалификациите ,Македонија на 28 октомври гостува кај Грција.Во групата 3,најсериозен ривал за 1.место е Исланд.Првиот меч со Исланд е на програма во април 2019 година.На ЕП во 2020 покрај организаторите Шведска,Норвешка и Австрија како и  актуелниот  првак Шпанија,ќе играат првопласираните  два тима од секоја група како и најдобрите 4-ри третопласирани селекции поради новиот формат ,со  учество на 24 наместо 16 екипи на завршниот турнир.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ