
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП:МАКЕДОНСКИТЕ ОДБОЈКАРИ ЈА ПОБЕДИЈА ШВАЈЦАРИЈА
Македонската машка одбојкарска селекција ја победи Швајцарија и остана во игра за пласман на ЕП во 2019 година.Откако ги искомпликуваа квалификаците со поразите во Скопје од Украина и Швајцарија,македонските одбојкари денеска се вратија на победничкиот колосек со триумф од 3-2 на гостувањето во Шоненверд.Мечот во Бетонкуп Арена можеше да заврши и со убедлив триумф ако избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ го искористија водтсвото од 2-0,откако со 25-21 и 25-19 ги освоја првите два сета.Македонскиот состав не успеа да го заврши мечот во следниот сет,а Швајцарија влезе во ритам со 25-16 и 25-23 за 2-2.Во решавачкиот петти сет,под водтвсо на капитенот Никола Ѓорѓиев,Македонија заврши со 15-12 за втора победа во квалификациите со која е зацврстена втората позиција во групата зад водечката Украина. Во последните две кола од групата Ф, одбојкарите на почетокот од јануару и гостуваат на Украина и потоа во Скопје ја пречекуваат Унгарија.