КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: ГОНЗАЛЕС ГО ОБЈАВИ СКРАТЕНИОТ СПИСОК ЗА МЕЧЕВИТЕ СО ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА

Селекторот на   на Македонската машка ракометна репрезентација   го  објави скратениот список на  играчи повикани во подготовките за првите два квалификациски натпревари на пат кон ЕП во 2020 година.Од 28 ракометари кои Гозналес ги стави на поширокиот список пред неколку дена,20 се повикани за првиот собир закажан за  понеделник во Скопје.Од  стандарниот репрезентивен состав,првиот дел од квалификациите го  пропушта искусниот бек Филип Миркуловски.Ракометарот на Вецлар  доби одмор во оваа фаза за да биде подготвен во јануари кога Македонија ќе игра на СП-во Германија и Данска.На негово место шанса добива Филип Чурлевски од екипата на  Еурофарм Работник . Македонија на 25 октомври во Битола со почеток од 20:15 часот со пренос  на Телма,  ќе ја пречека  репрезентацијата на Турција, а три дена подоцна во 2.коло,  ќе гостува кај  Грција  во Кожани.Исланд е третиот конкурент во квалификациската група.Пласман на ЕП кое во 2020  ќе се одржи во  Австрија ,Норвешка и Шведска ќе обезбедат најдобрите две селекции од секоја група како и четири највисоко рангирани третопласирани екипи од осумтте групи.Од ракометот , вест дека ИХФ донесе одлука да го прошири форматот од СП во 2021 година во Египет  кога наместо 24, на завршниот  турнир ќе учествуваат 32 селекции.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ