КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020:СЕНИОРКИТЕ ВО ГРУПА СО ШВЕДСКА,ЧЕШКА И ПОРТУГАЛИЈА

Ждрепката во Копенхаген ја позиционараше Македонија   во групата 5 .За  пласман на континенталниот  собир, нашата женска сениорска  ракометна селекција ќе игра во конкуренција на фаворитот Шведска,а тука се и  Чешка и Португалија.

Пласман на шампионатот  ќе обезбедат најдобрите две селекции од седумте групи,во друштво на домаќините Норвешка и Данска.

Квалификациите почнуваат на 25 септември оваа година,а последното  6.коло ќе се игра во месец мај наредната ,2020.

14. ЕП во  женски ракомет ќе се одржи од 4 до 20 декември 2020.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ