
КУП НА РМ: ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО
Во просториите на ФФМ ,денеска беа извлечени двојките за осминафиналето од националниот Куп .Најтрофејниот домашен клуб,скопски Вардар атакот кон 6-та титула во оваа конкуренција ја продолжува во двомеч со градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров,освојувач на купот од 2006 година.Бранителот на титулата,тетовска Шкендија на ждрепката доби полесен противник и за место во четвртфиналето ќе се сретне со Кит Го-Пехчево ,состав кој во првиот круг приреди изненадување со елиминација на Шкупи.Другите двојки од осминафиналето се Тиквеш – Работнички,Гостивар – Победа,Пелистер – Беласица,Скопје – Силекс и Брегалница – Академија Пандев.Екипата на Кораби е слободна.Првите натпревари ќе се играат на 19 септември,реваншите на 3 октомври.