
КУП НА МАКЕДОНИЈА: ШКЕНДИЈА ГО СОВЛАДА КОЖУВ ЗА МЕСТО ВО 1/8 ФИНАЛЕТО
Одбраната на пехарот во домашниот Куп,фудбалерите на Шкендија ја почнаа успешно со триумф во Гевгелија од 2-0 над Кожув.Актуелниот македонски шампион рутински го одигра мечот на Градскиот стадион во Гевгелија,откако со головите на Ибраими во 13 и на Имери во 28 минута,обезбеди мирен тек на мечот.Во осминафиналето,Шкендија им се приклучи на Вардар,Кораб,Беласица,Скопје ,Академија Пандев, Кит-Го Пехчево, Работнички,Брегалница, Пелистер,Гостивар, Силекс, Тиквеш, Македонија ЃП и на Победа.