Куп на Италија: Јувентус е првиот финалист

Дербито во Торино го врати фудбалот во Италија.Во реванш полуфиналето од домашниот куп,Јувентус и Милан синоќа  одиграа 0-0,но поради голот на гости во ремито од 1-1 на Сан Сиро на првиот меч,Старата Дама избори место во финалето.

Преку 8 милиони гледачи во Италија на малите екрани  го следеа натпреварот  на Алијанц стадионот во Торино.Домашните имаа прилика за брзо водтвсо по пеналот во 16 минута,но Роналдо од 11 метри ја погоди стативата.Веќе во наредната минута,Анте Ребиќ заработи директен црвен картон по дуелот со Данило.Јувентус не ја искористи предноста со играч повеќе  за реализација но успеа да остане непоразен и во 12-тиот  меѓусебен  дуел со  Милан во сите конкуренции што му го донесе на  клубот  пласман во финалето.Во борба за 14.  титула од Купот на Италија,Бјанко-нерите го очекуваат победникот од реваншот помеѓу Наполи и Интер што ќе се игра вечерва на Сан Паоло.Наполи има предност од 1-0 по гостувањете во Милано.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ