
КУП ФИНАЛЕТО МАКЕДОНИЈА ЃП- АКАДЕМИЈА П. НА 22 МАЈ
Финалниот натпревар од 27.издание во домашниот фудбалски Куп ќе се игра на Арената Тодор Проески на 22 мај во термин од 18.30,објави ФФМ.Во борба за трофејот влегуваат Македонија ЃП и Академија Пандев.За скопската екипа тоа ќе биде трето учество во финалето,откако во 2006 година го освои пехарот со триумф од 3-2 над Шкендија а во 2009-та загуби од Работнички со 6-5 на пенали.Академија Пандев дебитира во финалето и според формата во првенството важи за фаворит.Најуспешен клуб во Купот е Вардар со пет титули.