Кубеш: И покрај поразот добра подготовка за ЕП

Репрезентацијата на Чешка е поразена во дуелот со Унгарија со 27:24. За Чесите ова е претпоследна проверка на формата пред стартот на континенталното ракометно првенство што ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка.

“И покрај поразот задоволен сум од натпреварот бидејќи ова беше одлична контрола за нашиот тим. Мечот го загубивме во првото полувреме кога направивме многу грешки, но во второто игравме далеку подобро и тоа ми дава надеж дека можеме да бидеме конкурентни на шампионатот. Им дадов шанса на сите играчи што е добро за нив во пресрет на Европското првенство”, рече селекторот Даниел Кубеш.

Слично мислење има и еден од најефикасните играчи на натпреварот Јакуб Хрстка.

“Ако гледаме натпреварот во целост, не игравме толку лошо. Во првиот дел бргу стигнавме до предност, но по серија технички грешки му дозволивме на противникот да се врати и да го преземе водството. Нашите грешки на Унгарците им овозможија да постигнат многу лесни голови и бргу стигнаа до предност од четири гола. Во второто полувреме игравме на повисоко ниво, а во последните десетина минути имавме шанса за пресврт. Стигнавме до негатива од два погодоци, но за жал не успеавме да стигнеме до победа. Мораме да работиме на отстранување на грешките и се надевам дека ќе биде подобро веќе на следниот натпревар”

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ