Uncategorized Кривичниот суд го одби барањето на одбраната на Мијалков
Мислењето на Врховниот суд не го спаси ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков од судењето за “Тортура”.
Тој преку адвокатите се повика на мислењето на Врховен и побара судијата да донесе одбивателна пресуда односно да биде ослободен од гонење, со образложение дека рокот за подигнување на ова обивнение бил надминат за 20 дена. Обвинителот Љубомир Лапе рече дека обивнението е поднесено во рокот дека е правосилно и дека СЈО е овластен тужител.
Судијката го одби предлогот на Мијалков и продолжи со сослушување сведоци. Рече дека мислењето на Врховен не е обврзувачко и дека ваквите забелешки одбраната требала да ги посочи кога се оценувало обвинението.
Ова е прва одлука на Кривичниот суд во врска со мислењето на Врховниот суд дека СЈО има рок од 18 месеци од примањето на бомбите за подигнување обвиненија и отворање истраги



