
Ковач му испорача „петарда“ на својот поранешен тим (ВИДЕО)
Баерн Минхен му сервираше брутална одмазда на Ајнтархт Франкфурт поради поразот во финалето на Купот во Германија.
Синоќа во рамки на Суперкупот, „баварците“ славеа со убедливи 5-0, што беше фантастично деби за новиот тренер Нико Ковач, кој дојде токму од екипата на Ајнтрахт.
Блесна Роберт Левандовски, кој ги постигна првите три гола и до 54-тата минува веќе направи недостижна предност.
Работата за шампионот ја завршија Кинсли Коман и Тијаго Алкантара. Бундеслигата започнува на 24 август.