
Косово противник на Македонија полуфиналето од ЛН
По триумфот над Азербејџан од 4:0, репрезентацијата на Косово ќе биде нашиот противник во полуфиналето од разигрувањето за пласман на Европскиот шампионат.
Во решавачкиот дуел за првата позиција во третата група од Д лигата, Косово го декласираше Азербејџан, а прва ѕвезда на натпреварот беше Арбер Зенели кој три пати се запиша во листата на стрелците.
Зенели серијата голови ја отвори уште во втората минута, во 58-та по асистенција на Муриќи зголеми на 2:0, а во 61-та Амир Рахмани на Косово му донесе предност од 4:0. Конечниот резултат го постави Зенели со погодокот во 76-тата минута од средбата.
Во второто полуфинале од разигрувањето за настап континенталното првенство ќе се соочат Грузија и Белорусија.