Косово или Белорусија противници во разигрувањето

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе го добие противникот во полуфиналето од разигрувањето за пласман на Европското првенство. Можни противници ни се селекциите на Косово и Белорусија, а се зависи од епилогот на вечерашниот дуел во Приштина.

Репрезентацијата на Косово е домаќин на Азербејџан и за настап во следната фаза потребна им е победа или нерешен резултат. Во тој случај во полуфиналето во март 2020 година ќе играме токму против Косово.

Доколку во Приштина слави селекцијата на Азербејџан тогаш за место во финалето од баражот ќе се соочиме со репрезентација на Белорусија.

Натпреварот меѓу Косово и Азербејџан се игра вечерва од 20 часот и 45 минути.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ