Кошаркарските надежи денеска против Словачка

Македонската машка кошаркарската репрезентација до 18 години на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Романија денеска од 14 часот се среќаваат со селекцијата на Словачка.

Избраниците на селекторот Тони Симиќ имаат одлична можност да ја продолжат триумфалната низа и со победа во дуелот против последнопласираниот во групата да се зацврстат на првата позиција на табелата.

Во досегашниот дел од турнирот македонските кошаркари забележаа три победи во исто толку натпревари и веќе го обезбедија пласманот во четврт-финалето.

Во останатите мечеви од денешната програма играат Грузија – Украина и Република Ирска – Данска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ