
Кошаркарите се пласираа во квалификациите за ЕП
Во последниот натпревар од претквалификациите за настап на Европското првенство, Македонија на гостувањето против Романија забележа пораз од 65:53 и за само еден поени ја задржаа првата позиција во групата и ја продолжуваме биктата за настап на континенталниот шампионат.
Само еден кош не делеше од ново фијаско во уште еден претквалификациски циклус. Нашите кошаркари се поразени со 65:53, а негативата од 12 поени сепак беше доволна за продолжување во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат. Во поголемиот дел од мечот се чинеше дека избраниците на селекторот Јорданчо Давитков имаа целосна контрола на резултатот. Но, како одминуваше времето се повеќе делуваше дека сме на праг на уште едно големо разочарување. Нашите кошаркари највисоката предност ја имаа во првиот период кога поведоа со 8:3, а овој сегмент од играта го завршивме во наша полза.
Во продолжението од мечот РОманците беа во постојано водство, а на пет минути пред крајот домаќинот стигна до двоцифрена предност, а во самиот финиш беа во ситуација да реализираат напад кој ќе им донесеше победа со која ќе го освоеа првото место. За наша среќа РОманците не го реализираа последниот напад и македонските кошаркари обезбедија настап во квалификациите за Европското првенство.
Најефикасен во нашиот тим со 13 поени беше Дамјан Стојановски, Војдан постигна 12, а Ричард Хендрикс имаше учинок од осум поени и девет скока.