Кошаркарите една година без официјален натпревар

Кошаркарската репрезентација на Македонија за оваа година заврши со настапите во квалификациите за Европското првенство. ФИБА донесе одлука да ги презакаже ноемвриските натпревари за следната година, што значи дека нашата селекција 365 дена ќе биде без официјален дуел.

ФИБА ги презакажа натпреварите од следниот интернационален прозорец што требаше да се играат во ноември годинава за во февруари 2021 година.

Македонската репрезентација во овие квалификации за евробаскетот стартуваше со два порази од Естонија дома и Русија на гости. Според првичниот распоред, есенва требаше да играме против Италија и Естонија на гостински терен, па сега со промената овие дуели ќе ги играме во февруари 2021 година.

Ваквате одлука на Европската куќа на кошарката доаѓа поради барањето на клубовите да имаат повеќе време да се вратат во нормала, откако актуелната сезона насекаде беше прекината поради пандемијата од коронавирусот. Натпреварите што требаше да се играат во февруарскиот термин дополнително ќе бидат презакажани.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ