Копа Либертадорес за Ривер Плата

Фудбалерите на Ривер Плата по продолжение од два пати 15 минути ја совладаа Бока Јуниорс со 3:1 и по четврти пат во историјата триумфираа во елитното клупско натпреварување во Јужна Америка.

Бока поведе со голот на Дарио Бенедето во 44-тата минута од натпреварот. Во 68-та Лукас Прието му донесе израмнување на Ривер и освојувачот на трофејот мораше да се реши во дополнителните 30 минути.

Во 109-тата минута Хуан Фернандо Кинтеро ја доведе Ривер Плата во водство од 2:1, а конечниот резултат го постави Гонзало Мартинез со погодок во последните моменти од мечот.

Бока Јуниорс во поголемиот дел од продолженијата играше со фудбалер помалку откако во 92-та минута беше исклучен Вилмар Бариос.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ