
Контрацепцијата за младите во Македонија се уште е табу тема
И во 21 век контрацепцијата за младите во Македонија се уште е табу тема. Тие имаат малку информции за неа, таа е прескапа, затоа што не е на товар на државата и немаат сите подеднаков пристап до контрацептивните средства. Само 1,6 проценти од младата популација до 29 години користат орална контрацепција, а помалку од 3 процент од паровите користат било каква контрацепција. За овие статистички податоци, од невладината ХЕРА велат дека се поразителни.
„Ова е загрижувачки податок, што укажува на недоволна информираност, но и недоволен пристап до средства за контрацепција. Ние во нашата земја ги немаме сите, а тие што ги имаме не се на позитвна листа, што значи младиот човек треба да си ги плати, а знаеме каква е општата финаниска состојба. Исто така, ова укажува и на постоње на срам и страв од осуда“, изјави Андријана Папиќ Манчева, ХЕРА
Исто така, младите имаат предрасуди отворено да зборуваат за сексуално преносливите инфекции, кои подоцна можат да се одразат и на репродуктивното здравје.
„Во современото општество, посебно кај нас се прилично застапени сексуално преносливи инфекции, а токму предрасудите и недостигот на доверба со некој тоа да се сподели, што понатаму остава последици за целиот живот се најголемиот проблем“, Владимир Трајковски, гинеколог.
Покрај во Скопје, со кампањи и трибини и во останатите градови низ Македонија невладината ХЕРА ќе ја подига свеста, но и ќе ги едуцира младите за сексуалното и репродуктивното здравје.
Емилија Мисирлиевска