
Комплетирани полуфиналните двојки на АО
Познати се полуфиналните двојки на првиот Гренд слем тениски турнир во новата сезона.
Новак Ѓоковиќ пласман меѓу четирите најдобри обезбеди откако Кеи Нишикори поради повреда го предаде мечот во првиот сет. Противник на светскиот рекет број 1 за влез во финалето ќе му биде Лукас Пује кој со 3:1 го совлада Канаѓанецот, Милош Раониќ. Кај дамите место во полуфиналето обезбедија
Наоми Осака и Каролина Плшишкова. Јапонката со 6:4 и 6:1 ја елиминираше Елина Свитолина додека Плишкова со 2:1 по сетови 6:4, 4:6 и 7:5 славеше во дуелот против Серена Вилијамс.