
Компанија Сити лајт „испумпа“ 210.000 евра од општинската каса на Свети Николе
Раскинат договор од пред осум години за јавно приватно партнерство за улично осветлување „испумпа“ 210.000 евра од општинската каса на Свети Николе. Штипска Алепација откако пресудила во корист на струшката компанија Сити лајт експресно со извршно решение си ги симнала средствата од сметката. Градоначалникот, Сашо Велковски вели дека во прашање се доведени инфраструктурните проекти, а компанијата Сити лајт веќе им доставила и нова фактура од 660.000 евра, доколку се наплати ова ќе значи и блокада на општината.
Договорот за јавно приватно партнерство го склучил поранешниот градоначалник Роберт Ѓеоргиев, а по една година неговиот колега Зоран Тасев го раскинал, за што одлука донел и Советот. Тасев вели дека одлуката ја донел бидејќи договорот бил штетен, една светилка чинела над 900 евра, а големите поплави во 2013 година откриле нестручно поврзување на светилките, за што потврдил стручниот надзор и ЕВН.
Актуелниот градоначалник Велковски вели дека сега се чека на одлуките од Врховниот и вишиот Управен суд, не му е јасно зошто штипска Апелација делумно ја преиначила пресудата на Основниот суд, кој има донесено во полза на општината. За договорот за јавно приватно партнерство за замена на светликите во 2012 година кривични пријави имаат поранешниот градоначалник Роберт Ѓеоргиев, но и уште петмина тогашните гардоначалници во земјава. Предметот е во Обвинитеството за борба со организиран криминал и корупција, но се уште е во предистражна постапка бидејќи се чека на вештачењето за причиената штета.
Викторија Јованова