Колумбија и Јапонија во осминафинале, Јапонија извиси поради жолти картони (ВИДЕО)

Репрезентациите на Колумбија и Јапонија од групата Х се пласираа во осминафиналето на Светското првенств во исклучително драматична завршница на третото коло.

Колумбија го совлада Сенегал со 1-0, а Јапонија со истиот резултат загуби од Полска. Со овие резултати Колумбија финишира како прва во групата со шест бода. Јапонија и Сенегал завршија со по четири бода и со идентична гол-разила од четири дадени и четири примени голови, но „самураите“ одат во нокаут рундата, бидејќи имаат помалку жолти картони од африканците, односно четири, наспроти шесте на Сенегал.

Победничкиот гол на Колумбија против Сенегал беше дело на дефанзивецот Јери Мина во 75-тата минута. Дефанзивецот беше највисок во скокот по еден корнер и ја затресе мрежата на Сенегал.

Полска која немаше никакви шанси за прогрес ја совлада Јапонија со 1-0 благодарение на голот на Јан Беднарек во 60-тата минута.

Колумбија во осминафиналето ќе игра со второпласираната репрезентација од групата Г, додека Јапонија со првопласираната селекција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ