
КОЧОВ И СЛЕДНАТА СЕЗОНА НА КЛУПАТА КАЈ МЗТ СКОПЈЕ
Ѓорѓи Кочов ја има довербата на МЗТ и ќе ја води екипата и во следната сезона,потврдија од таборот на домашниот првак.34 годишниот стратег го предводеше клубот до 7.титула во домашното првенство а за него ова ќе биде втора сезона која ја почнува како предводник на МЗТ Скопје.
Останување на Кочов воедно е и потврда на заложбата на клубот за продолжување на стратегијата за форсирање на млади македонски кошаркари, кои и во следниот период ќе добијат шанса за промоција и за напредување,истакнуваат од МЗТ.
Клубот од Јане Сандански ќе ја брани домашната титула но ќе учествува и во АБА 2 лигата со надеж дека ќе успее да се врати во елитната конкуренција.Во финишот на изминатава сезона МЗТ не го мина баражот против Задар а претходно плеј-офот со Проморска. за кам бек во АБА 1.