Кобајаши славеше на скокалницата во Енгелберг

Јапонецот, Рјоју Кобајаши триумфираше на второто натпреварување што се одржа на скокалницата во Енгелберг и по четврти пат се искачи на највисокото место на подиумот во досегашниот тек од сезоната.

Кобајаши во двете серии имаше скокови од 144 и 137 метри и со вкупно 294.4 бода славеше пред Пјотр Жила од Полска зад победникот заостана 9,3 бода. Третото место му припадна на Камил Штој, кој доскокна на 138 и 131 метар.

Во редоследот за Светскиот куп води Кобајаши со 556 бода, 111 повеќе од Жила додека трет со 365 бода е Штох.

Натпреварувањето во Енглберг беше последно пред стартот на Новогодишната турнеја четири скокалници која стартува на 30 декември во Оберстдорф. На први јануари традиционално се одржуваат скоковите во Гармиш Партенкирхен, а потоа следуваат натпреварувањата во Инсбрук и Бишофсхофен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ