
Клучните одбрани на Миклер ја обезбедија победата на Унгарија
Неизвесниот натпревар меѓу Унгарија и Русија од групата Е на европското првенство во ракомет, заврши со победа на унгарците 26:25, благодарение на одбраната на голманот Роланд Миклер, неколку секунди пред крај. Тој го запре ударот на Тимур Дибиров.
Најголемата предност на Унгарија во текот на натпреварот изнесуваше 4 гола на почетокот на второто полувреме, но русите не се предаваа и го направија натпреварот крајно неизвесен. Клучните одбрани на Миклер му помогнаа да го добие признанието за најдобар играч на натпреварот.