
Клоп за Дембеле нуди 100 милиони евра
Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е подготвен на Енфилд Роуд да го ангажира напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле.
Дваесет едно годишниот репрезентативец на Франција деновиве е во немилост на тренерот Ернесто Валверде откако не се појави на еден од тренинзите, а подоцна се оправда дека бил болен. Поради своето однесување Дембеле во следниов период сигурно нема да биде во прв план за место во стартната постава, а се шпекулира дека Валверде ќе даде зелено светло тој да ја смени средината.
Според медиумите на Островот, Клоп бил подготвен да понуди 100 милиони евра што е за дваесетина помалку од сумата која Барселона минатата година и ја плати на Борусија Дортмунд за комплетирање на трансферот на младиот Французин.