Клоп тргнува по Мбапе: Разговарал со таткото на фудбалерот
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имал телефонски разговор со таткото на Килијан Мбапе, кој воедно е и негов агент. Германскиот стратег се обидел да го убеди фудбалерот на ПСЖ дека неговата иднина е на „Енфилд Роуд“, објавуаат француските медиуми.
Голгетерот е трансфер-цел број 1 на Реал Мадрид веќе подолго време, а поранешниот фудбалер на ПСЖ, Жером Ротен дури изјави дека Мбапе бил пред договор со „кралевите“, но трансферот пропаднал поради пандемијата од коронавирусот.
Клоп се надева дека ќе може да го победи Реал Мадрид во оваа трка и да дојде до можеби најголемиот талент на планетава и иден освојувач на „Златната топка“. Мбапе има само 21 година, а сезонава во дресот на „светците“ постигна 30 голови во сите конкуренции. Неговата цена на трансфер-пазарот изнесува 250 милиони фунти.