Клемен Ноел победи на слаломот во Кицбил

Клемен Ноел влезе во победички ритам во 2019 година на слаломските трки.После триумфот во Венген,денеска 21 годишниот французин го победи австриецот Марсел Хиршер на домашен терен,на класикот во Кицбил.Ноел беше за 29 стотинки подобар од скијачот кој доминира во Светскиот куп последнава декада.Хиршер имаше слаб настап во 1. трка каде заврши на 9. позиција и на подиумот ги раздвои францизуте,победникот Ноел и третопласираниот Алексис Пинтуро.После 8. слалом од сезоната,Хиршер има 75 бодови повеќе од Ноел.Во генералниот пласман Марсел Хиршер води со 1116  бодови, 445 повеќе од норвежанецот  Хенрик Кристоферсен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ