
Клеман Ленгле е нов фудбалер на Барселона
Барселона денеска го презентираше Бразилецот Артур пред јавноса, а кратко потоа го објави и трансферот на францускиот стопер Клеман Ленгле од Севилја.
Шпанскиот шампион ја плати откупната клаузула од 35,9 милиони евра и го купи одличниот дефанзивец.
23-годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор со Барселона и ќе има откупна клаузула од 300 милиони евра.