КИРЕ ЛАЗАРОВ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО НАНТ

Кире Лазаров,капитенот на Македонската машка ракометна репрезентација го продолжи договорот со Нант за уште две сезони. Соработката со  францускиот тим кој во претходната сезона  стигна до финале на  Фајнл фор турнирот во Келн ,е плод на одличните резултати откако во 2017-та, првиот ракометар со 1000 голови во историјата на ЛШ   се пресели од редовите на Барселона.

Не беше лесно на почетокот, имав амбиции  но не зборував француски, но таа ситуација се подобри во оваа историска година за клубот. Сега се чувствувам одлично во Нант, го сакам клубот, ги сакам и навивачите. Да се игра во полна сала на секој натпревар е голема привилегија. Исто така, клубот расте по малку секоја сезона и сигурен сум дека заедно ќе бидеме подобри во годините кои доаѓаат. Јас сум лојален човек и сакам да му вратам на клубот за довербата што ми ја даде раководството“- изјави  Кире Лазаров.

Новиот договор на Лазаров со клуб кој игра на највисико ниво е одлична вест и за македонската репрезентација.Сениорите   во месец јануари ќе учествуваат  на СП во Германија и Данска а напролет ги продолжуваат  квалификациите за ЕП во 2020.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ