Кил убедлив во дуелот против Сиднеј

Кил забележа победа од 41:27, а убедливата победа ја најави уште на стартот кога поведе со 5:1. Сепак во продолжението тимот од Австралија успеа да се доближи до негатива од еден погодок, но поранешниот европски првак во завршницата од првиот дел со серија од 5:0 и oбезбеди предност од шест гола, а на одмор замина со водство од 23:18.

Кил отпорот на противникот дефинитивно го скрши во второто полувреме. На половина од вториот дел Германците постигнаа шест последователни погодоци и за прв пат на натпреварот имаа двоцифрена предност што ја одржуваа до крајот за конечен триумф од 41:27 и пласман во четврт-финалето каде утре ќе се соочат со Замалек.

Најефикасен на натпреварот со девет гола беше Руне Дамке, по пет пати во листата на стрелците се запишаа Лукас Нилсон и Патрик Винчек додека голманите на Кил, Никлас Ландин и Дарио Кенстед комбинирано забележаа 14 интервенции. Во поразениот тим прв стрелец со шест гола беше Али Мехдизадех.


Во вториот натпревар од денешната програма од 19 часот се среќаваат Ал Мухдар и Њујорк. Победникот од овој меч утре во истиот термин во четврт-финалето ќе се соочи со Вардар, а натпреварот ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ