
Кербер преку Вилијамс до првата титула на Вимблдон
Анџелик Кербер дојде до трофејот кај тенисерките откако во големото финале денеска ја совлада Серена Вилијамс со 2-0, по сетови 6-3 и 6-3.
За Германката ова е прв трофеј на Вимблдон, а вкупно трет на грен слем турнирите, откако во 2016 година славеше на Австралија Опен и УС Опен.
Серена Вилијамс не успеа да го израмни рекордот на Маргарет Корт од 24 грен слем титули и засега останува со една помалку.