КАРАТИСТИТЕ НА МАКПЕТРОЛ ПОДГОТВЕНИ ЗА СИЛНИОТ ТУРНИР ВО РИЈЕКА
Каратистите на К.К. Макпетрол – Скопје, заминуваат да земат учество на еден од најмасовните и највисоко рангирани карате турнири ,,Кроација опен,, кој ке се одржи во Ријека од 28-30 септември 2018 година. На турнирот ке учествуваат каратисти од 25 држави со 1908 пријавени натпреварувачи.
Тренерот Бошко Заборски изјави дека Макпетролци подготвени одат на турнирот и додаде дека овој турнир за нив претставува почеток на есенската сезона која ќе биде напорна и тешка како никогаш до сега од причина што Макпетролските каратисти се подготвуваат за три големи натпреварувања кои следат во наредниов временски период а тоа се: учество во Токио, Јапонија на Светската 1 Премиер Карате Лига, потоа подготовка за Светското првенство кое ќе се одржи во Мадрид во месец Ноември, и секако јуниорските репрезентативци и јуниорите и (У21), ја темпираат формата за настап на државното првенсттво кое ќе биде критериумско за влез во репрезентацијата исто во месец Ноември : заврши Заборски.
За Хрватска ќе заминат следните натпреварувачи и ќе настапат во дисциплината борби:
1.Петар Заборски сениор -75 кг
2.Петар Спасеновски (У21) и сениор -84 кК
3.Давид Петков (У21) и сениор – 67 кг:
4.Глигор Петков Јуниор – 75 кг
5.Моника Пендаровска (У21) и сениорка -55 кг
6.Анѓела Мојсовска (У21) и сениорка -68 кг
7.Абдурахим Идризи Јуниор -55 кг
8.Давуд Рамадановски јуниор -68 кг