Каратистите на Макпетрол со 16 медали на турнирите во Скопје
во организациска поставеност два исклучително силни натпревари.
Првиот ден во салата Борис Трајковски се одржа традиционалниот турнир во сениорска конкуренција „Трофеј Македонија“, додека во Недела, во салата Јане Сандански се одржа Балкански натпревар за младите категории на спортисти кадети, јуниори и У21. И на двата натпревари учествуваа 5 Балкански држави со своите најдобри национални состави во сениорска и во младинска конкуренција.
Впечатливо е што Каратистите на Макпетрол кои беа во состав на националните репрезентациии на двата интернационални натпревари беа многу успешни, односно успеаја да освојат најголем број медали. Сениорите на Карате клубот Макпетрол, воедно и членови на репрезентацијата, првиот ден освоија седум медали од кои 1 е златен, 3 сребрени и 3 бронзени на Меѓунардониот турнир за сениори во борби „Трофеј Македонија“ Златниот медал во дисциплината борби, категорија -68 кг, го освои каратистката , Ангела Мојсовска, додека со сребрени се закитија Сара Радичевска, Абдурахим Идризи и Глигор Петков, додека бронзени медали освоија Петар Заборски, Петар Спасеновски и Роберто Ацковски.
Успехот е оставрен во конкуренција на каратисти од пет балкански држави: Турција, Бугарија, Албанија и Косово. За овој дел во сениорска конкуренција треба да се додаде дека Макпетрол резултатски ќе поминеше и подобро доколку во екипата беа и стандардните репрезентативци кои беа повредени Симона Заборска и Давид Петков