КАРАТИСТИТЕ НА МАКПЕТРОЛ НАЈУСПЕШНИ НА МЛАДИНСКОТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО
Младите каратисти на Макпетрол го освоија првото место во генералниот пласман на Државното првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У21).Во конкуренција на 44 клубови од цела Македонија,најуспешниот клуб во младинска конкуренција освои вкупно 9 медали од кои шест златни, два сребрени и еден бронзен медал.
ЗЛАТНИ МЕДАЛИ
- Петар Спасеновски -84 кг постари јуниори (У21), златен медал
- Моника Пендаровска -55 кг (У21), златен медал
- Анѓела Мојсовска -68 кг , (У21), златен медал
4, Абдурахим Идризи – 55 кг јуниори, златен медал медал
- Глигор Петков јуниор, -76 кг златен медал медал
- Стефан Стојанович – 70 кг кадетки, златен медал медал
СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ
- Кристијан Бошковски јуниори -68 кг, сребрен медал
- Екипно борби – мажи (кадети и јуниори) сребрен медал медал
БРОНЗЕН МЕДАЛ
- Давуд Рамадановски -61 кг, јуниори, бронзен медал
Многу сме задоволни од настапот на нашите млади каратисти и од постигнатиот резултат на ова државно првенство, кое имаше критериумски карактер за влез на најдобрите каратисти во националниот тим на Р. Македонија -изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.