Јувентус со рекордна заработка од ТВ права

Повеќекратниот шампион на Италија, Јувентус е рекордер заработката од продажба на телевизиските права во изминативе пет години. Старата дама во овој период инкасирала 406 милиони евра што е за 46 повеќе од Реал Мадрид додека трет е Пари Сен Жермен со 360 милиони.

На четвртата позиција е минхенски Баерн со 284 милиони, а листата од петте најуспешни ја заокружува Манчестер Сити со сума од 279 милиони евра.

Меѓу триесетте клуба кои инкасирале најмногу пари од продажбата на ТВ правата има седум клубови од Англија, Шпанија и Германија имаат по четири, а по три клуба доаѓаат од Италија и Франција.

 

 

ТОП 10 КЛУБА ПО ЗАРАБОТКА ОД ТВ ПРАВА

406 милиони- Јувентус

360 – Реал Мадрид

299 – Пари Сен Жермен

284 – Баерн

279 – Манчестер Сити

277 – Барселона

272 – Атлетико Мадрид

227 – Рома

219 – Арсенал

217 – Челзи

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ