
ЈУВЕНТУС СЕ ДОБЛИЖИ ДО РЕКОРД
Водечкиот Јувентус има 13 бодови повеќе од Наполи на 2-та позиција што е најголема разлика во Серија А од 24.коло во сезоната 2006-07.Синоќа Наполи одигра 0-0 со Торино,второ реми по ред за тимот на Анчелоти .Трите бода во Серија А беа воведени за победа во 1994-95, а единствениот пат кога имаше поголем јаз меѓу првото и второто место,беше во 2006-07 од 14 бодови што го одделуваа Интер од Рома после 24.кола,сезона по скандалот Калчополи, кога Јувентус беше деградиран во Серија Б.