Uncategorized Јавните обвинители побараа брзо откривање на лицата кои активираа експлозивна направа во куќа на обвинителката во Кичево
Здружението на јавни обвинители соопшти дека вчерашното поставување на експлозивна направа во куќата на јавниот обвинител во Кичево претставува загрозување на личната сигурност на јавната обвинителка и и членовите на нејзиното семејство, но и закана и напад врз самата институција и владеењето на правото во државата.
Осудувајќи го нападот, јавните обвинители изразуваат силна поддршка на својата колешка да истрае во борбата против криминалитетот, повикувајќи ги истовремено надлежните органи да преземат мерки за брзо откривање на сторителот на овој насилнички акт.
Како што вчера објави Телма, експлозивна направа која предизвикала пожар и го оштетила автомобилот на обвинителката, синоќа околу 19 часот експлодирала во нејзината куќа. Според нашите информации, станува збор за обвинителката Виолета Стојаноска а нејзиниот автомобил Сеат Леон и претходно бил мета на напаѓачи.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид и се подигнале примероци од експлозивната направа, која била предадена на техничко вештачење.



