ЈАПОНИЈА ГО ИСКОРИСТИ ЦРВЕНОТ КАРТОН НА САНЧЕЗ ЗА ПОБЕДА ОД 2-1 НАД КОЛУМБИЈА

Фудбалерите на Јапонија со победа од 2-1 над Колумбија го отворија СП за селекциите што се натпреваруваат во групата Х.

 

Тимот на Јапонија  го искористи вториот најбрз црвен картон во историјата на СП-ва  и  првата шанса ја претвори  во гол на Кагава од пенал во 6 минута. Со играч помалку  после  исклучувањето на Санчес , Колумбија успеа да изедначи преку Квинтеро во 39 минута. Агресивниот приод на јапонците во вториот  дел вроди со плод,Осако во 73 ги постави финалните 2-1 за три бода на Јапонија.

Три гола и на вториот меч од групата Х.Сенегел  со 2-1 ја порази Полска што е прв триумф на    на СП во Русија за селекција која доаѓа од Африка.Сенегал го отвори резултатот во 37 минута.Идриса Гаје упати удар кон голот на Полска,Ционек  го промени движењето на топката која заврши зад грбот на Шчешни.Дефанзивниот ред на Полска  имаше погрешна проценка во 60 минута што ја искористи брзиот Ниjанг за 2-0.Во задоцнет  финиш,Полска немаше сили за  реми.На четири  минути до крајот, Криховијак само го ублажи поразот.Во 2.коло на групата Х,Јапонија ќе игра со Сенегал,Полска против Колумбија.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ