Јанева останува во притвор Русковска сослушува сведоци во „Рекет“

И трите стана понудени како залог не и помогнаа на поранешната специјална обивнителка да излезе од Шутка. Обивнителството за организиран криминал дало негативно мислење а судијата не го прифатил предлогот на Јанева да излезе од притвор со гаранција во недвижен имот.

И додека Јанева останува и вториот месец во притвор, Русковска собира искази за случајот „Рекет“. На нејзините прашања денеска одговараа тројца повикани, меѓу кои и бизнисменот Зоран Азманов кој уште на почетокот на годинава, пред да излезе аферата „Рекет“, најави кривична пријава за Бојан Јовановски и го обвини дека се обидел да му изнуди стан од неговата градежена компанија или 50 илјади евра. Денеска кажал и нови детали во обвинителството, но надвор  повтори дека преку изнесување невистини за него на емисијата Инсајдер и без да му се даде шанса да одговори на обивнувањата, Јовановски се обидел да го рекетира.

Во телефонски позив кога му се јавив и му реков како можеш таква најава да правиш за емисијата и од каде имаш ти сознанија дека јас сум градежната мафија, кога јас немам работено ниту еден бизнис со државата, нема ниту едена фактура од мене за државата и обратно. Вика не се секирај јас имам информации од финансиска полиција и СЈО, ги имам сите документи и не треба ништо дополнително да истражувам, јас имам сè и можам што сакам да правам, открива Азманов.

Прва утрово сведочела продавачка во салон за мебел од скап франциски бренд, каде Боки 13 купувал мебел. По неа повеќе од два часа во организиран криминал се задржа и претседателката на Собранието на меѓународниот сојуз на Боки 13. Но на прашањата на медиумите не сакаше да одговара.

Нејзиното име стои и на преддоговорот мегу Сојузот и фирмата „Пелистер“ на бизнисменот Силјан Мицевски. Денеска тврдеше дека не знае што се случило со парите над 700 илјади евра за кои пензионерката Тодоровска на чија сметка легнале, тврдеше дека и биле земени од претставници на невладината на Јовановски. И на останатите прашања на новинарите одговараше дека не знае или пак истрагата ќе покаже.

Вчера пак во обвинителството сведочела и Јованка Кухар од Меѓународниот сојуз, чие име како координатор на проектни активности, исто така фигурира на преддоговорот за соработка со Мицевски.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ