Измени на статутот за полесен избор на претседател на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија денеска во Охрид го одржа Вонредното Генерално Собрание. На Вонредното Генерално Собрание на ФФМ беа усвоени измените и дополнувањата на Статутот на ФФМ.

Првиот дел од измените се однесува на предлог одлуката на У.О. на ФФМ со која се предложени измени и дополнувања, односно отворање на статутот во делот кои се однесува на критериумите, постапката и начинот за кандидирање и избор на претседател на федерацијата.

По најновите измени на статутот за претседател на ФФМ кандидатот не мора да е делегат на собраните. Тој може да влезе во трката за прв човек на федерацијата доколку имал забележителен ангажман во фудбалот, но ќе мора да има поддршка од некој Општински фудбалски сојуз.

За измените на статутот гласаа 88 од вкупно 96 делегати, а редовното изборно генерално собрание според најавите треба да се одржи во март следната година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ