Италијански вирусолог против празни трибини
Италијанскиот вирусолог Марија Рита Џизмондо во интервју за весникот Кориере дело Спорт изјави дека не разбира зошто властите во земјата не дозволат на фудбалските натпревари да присуствуваат и гледачи во ограничен број.
Таа истакна дека правилата за сите се исти. Гледачите би биле обврзани да носат заштитни маски и да бидат на пропишана дистанца, а сето тоа е лесно да се контролира.
Џизмондо потенцираше дека кога веќе е дадена дозвола за престој во затворен простор не разбира зошто е забрането да се собираат луѓе на отворен простор.