ИТАЛИЈА: МОЖНО ’’РЕСТАРТИРАЊЕ ’’НА СПОРТОТ НА 4 МАЈ

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора го постави 4 мај како можен датум за рестартирање на тренинг-активности прекинати со пандемијата на коронавирус.Италијанската  влада  на последната седница го продолжи карантинот до 3 мај.’’Сведоци сме на благ знак на подобрување, но ситуацијата е сè уште драматична “, истакна Спадофора. Во случај на  рестартирање на спортските активности и тренинзите на почетокот  на мај, убедувањата се дека  фудбалската лига во Серија А ќе може да ги организира преостанатите 12. кола од сезоната во период  од 31 мај до 3 август.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ