Италија ќе тргне по примерот на Франција, продолжува сезоната во Швајцарија

Поранешниот спортски директор на Џенова, Стефано Капоѕука најави дека првенството на Италија ќе ја доживее судбината на шампионатот во Франција. Тој истакнува дека според неговите извори сезоната ќе биде поништена, а титулата нема да биде доделена.

Учеството во европските натпрварувања ќе се додели според моменталниот пласман, а единствено елитното друштво ќе го напуштат два клуба Спал и Бреша, а нивните места ќе ги заземат Беневенто и Кротоне.

Зелено светло да се продолжи со првенството доби и Швајцарската фудбалска федерација. Здравствените власти во земјата дозволија од 11 мај да се почне со тренинзи, а играчите можат да работата во група не поголема од пет, а десетина дена подоцна може да се тренира во полн состав. Првенството би продолжило на осми јуни, а мечевите ќе се играат пред празни трибини.

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ