ИСТАНБУЛ ДОМАЌИН НА СУПЕР КУПОТ НА УЕФА ВО 2019,ПОРТО ВО 2020 ГОДИНА

Откако синоќа во Талин Атлетико Мадрид со 4-2 после продолженија го победи Реал Мадрид и го освои Супер купот за 2018 година,Уефа ги објави домаќините на следните две пресметки помеѓу наредните европски шампиони и освојувачи на Лига Европа.Истанбул и стадионот на Бешикташ ќе бидат организатори на Супер купот за следната година,додека Драгао,домот  на Порто е домаќин  на ивентот во 2020 .Инако синоќа во главниот град  на Естонија,шпанското  дерби на градските ривали од Мадрид го доби Атлетико.После основните 90 минути во Талин резултатот беше 2-2.Коста уште во 1 минута погоди за Атлетико  ,изедначи Бензема во 27-та.Рамос во 63-та од пенал се погрижи за пресврт,а Коста во 79 минута  со својот втор гол  овозможи продолженија за тимот на Диего Симеоне.Во екстра периодите,Атлетико преку Нигез и Коке  стигна до  4-2 и триумф за  трета Супер куп титула.На другата страна Реал предводен од Лопетеги,наследникот на Зидан,не успеа да го одбрани трофејот од Скопје.Кралскиот шпански клуб загуби прво финале во Европа после 18 години и застана на 4 титули од Супер купот,една помалку од рекордерите Милан и Барселона.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ