
Инфантино со тројно помала плата од Блатер
Светската фудбалска федерација во изминативе четири години бележи приход од 6,4 милијарди долари, а готовинските резерви во моментов изнесуваат 2,7 милијарди. Зголемениот приход е резултат на одржувањето на Светското првенство во Русија како и на новите спонзорски договори потпишани со неколку компании.
Неофицијално првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино во 2018 година инкасирал 1,9 милиони долари, а се очекува на име на бонуси да заработи дополнителни 500.000. Во однос на неговиот претходник Инфантино има тројно помала заработка. Блатер во годината пред да биде сменет имаше плата од три милиони долари, а кога ќе се пресметаат бонусите тој во 2015 година заработи вкупно 12 милиони.