
ИКАРДИ СМЕНЕТ ,ХАНДАНОВИЌ НОВ КАПИТЕН НА ИНТЕР
Мауро Икарди повеќе не е капитен на италијанскиот прволигаш Интер,објави клубот од Милано.На утрешното гостување кај Рапид Виена во Лига Европа,голманот Самир Хандановиќ ќе биде замената за аргентинскиот напаѓач кој не е во составот.Одлука на Неро-азурите доаѓа по неколкумесечните неуспешни преговори за новиот договор со што се отвара простор за преселба на Икарди од Џузепе Меаца.