
Икарди се врати на тренинг: На повидок нов договор со Интер?
Мауро Икарди денеска се врати на тренинзите на првиот тим на Интер по повеќе од еден месец отсуство поради проблемите со преговорите за нов договор.
На Аргентинецот му беше одземена капитенската лента на 13 февруари, по што одби да игра за тимот. Односите помеѓу клубот и голгетерот очигледно се подобрија, но и натаму нема информација дали Икарди ќе го продолжи договорот со „нераѕурите“ или на лето ќе бара нов клуб.
Тој последен пат играше за Интер на 9 февруари годинава, а последен пат беше стрелец на гол дури на 15 декември минатата година.