Игуаин пред трансфер во Челзи

Откако станува јасно дека Милан ќе се откаже од откупувањето на договорот на Гонзало Игуаин, аргентинскиот репрезентативец најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Триесет годишниот Аргентинец е прескап за клубот од Сан Сиро каде настапува како позајмен играч и веќе е најавено дека на него нема да се смета по завршувањето на сезонава и тој ќе мора да се врати во редовите на Јувентус.

Во меѓувреме интерес за Игуаин покажа Челзи и според пишувањето на медиумите во Италија и Велика Британија постои голема веројатност клубот од Стемфорд Бриџ уште во зимскиот преоден рок да го ангажира напаѓачот, кој како што самиот најавил не сака да се врати во Торино.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ